Овие информации не ги знаат 95 отсто од луѓето, а можат буквално да ви спасат животот. Се однесуваат на предмети кои секојдневнми ги користите и ситуациите во кои можете да се најдете, а притоа да не знаете како можат да ви помогнат скриените функции кои ги имаат вашите платежни картички, мобилен телефон, автомобил…
1. Ако некогаш крадец или некој друг ве присили да подигнете пари на банкомат:
Внесете го вашиот пин обратно
Така ако вашиот пин е 1254, вие внесете 4521.
Банкоматот ќе ви ги даде парите, но тоа автоматски ќе препознае како повик за помош и ќе ја алармира полицијата, а тоа крадецот нема да го знае. Таа опција постои на сите банкомати, но многу луѓе тоа не го знаат.
Споделете ја таа информација со пријателите, би требало да ја знаат.
2. Како вашиот мобилен телефон може да ви помогне во вонредни состојби
Можеби звучи неверојатно, вашиот мобилен телефон може да ви го спаси животот, или барем нервите, во некои ситуации, еве и како:
– Како било каде во светот да повикате Брза помош, полиција…
Единствен број за вонредни состојби кои од мобилниот телефон може да се повика било каде во светот е 112. Доколку се најдете надвор од сигналот на вашата мрежа, а во прашање е нешто итно, повикајте 112 и вашиот телефон ќе ја бара било која постоечка мрежа на местото каде се наоѓате.
Интересно е : 112 може да го бирате дури и кога тастатурата на вашиот телефон е заклучена! Пробајте и сами.
3. Клучевите на далечинското отварање на вратата ви останаа затворени во автомобилот
Ова на многу од нас ни се има случено, а постои едноставен трик кој еднаш може да ви потреба. Ако го заклучите клучот од вратата во возилото, а резервниот клуч ви е дома, направете го ова:
Некој кој е дома од вашиот мобилен телефон звонете на нејзиниот-неговиот. Вашиот мобилен држете го 30-тина цм од вратата на вашата кола. Личноста во вашата куќа треба да го држи клучот на вашиот автомобил близу до својот мобилен телефон и да го притисне копчето за отклучување. Вашиот автомобил ќе се отвори. Оддалеченоста воопшто не е важна, важно е само да мобилниот да ја повикате личноста кај која е резервниот далечински клуч за отварање на вашиот автомобил.
4. Скриена резерва во батеријата на вашиот мобиле телефон
Замислете дека батеријата на вашиот мобилен телефон е пред крај, потребен ви е телефон, а полначот не е кај вас. Нокиа телефоните имаат можност за резервна сила на батеријата. За да ја активирате, внесете * 3 3 7 0 # и вашиот телефон ќе има 50 одсто дополнета батерија. Телефонот оваа резерва ќе ја надокнади во текот на следното полнење .
5. Како целосно да го оневозможите користењето на мобилниот телефон ако ви го украдат
Прво мора да го знаете серискиот број на вашиот мобилен телефон. За да дознаете кој е тој број, внесете * # 0 6 # и на дисплејот ќе се појави 15-цифрен број.
Овој број е единствен за вашиот апарат. Запишете го тој број и чувајте го на сигурно. Ако некој ви го украде телефонот, повикајте го вашиот оператор, издиктирајте му го серискиот број и операторот ќе може да го блокира вашиот мобилен телефон, кој ќе биде целосно бескорисен дури и ако крадецот ја промени сим картичката. Иако веројатно нема да го добиете назад вашиот телефон, барем ќе знаете дека крадецот од него нема ништо. Кога сите вака би постапиле, понатамошната кражба на мобилни телефони не би имале цел.