Пет симптоми кои не смеете да ги игнорирате


Многу луѓе скоро секојдневно ги игнорираат испуканите усни, болката во рамењата, промените на непцата, болката во стапалата, како и пецкањето во бедрата, бидејќи сметаат дека не сигнализираат ништо сериозно. Меѓутоа, дали е баш така?

Зад петте најчести досадни болки се кријат можеби опасни здравствени тајни. Немојте да ги игнорирате!

usta ispukana2Испукани усни

Иако најчесто се говори дека испуканите усни укажуваат на анемија, сепак треба да се проверат и потенцијалните инфекции. Имено, испуканите усни можат да бидат знак на гливични инфекции. Тој проблем се решава со вода. Наместо усните да ги оближувате со јазикот, почнете да пиете поголеми количини вода. На усните ќе им биде потребно некое време да се опорават. Помогнете им со нежен балсам за усни. Ако ситуацијата наспроти тоа не се поправи, посоветувајте се со лекар.

Болни стапала

Ако чувствувате болка во стапалата, најчесто помеѓу третиот и четвртиот прст, може ве следи синдромот наречен Мортонов невром. Станува збор за промени на малиот нерв кој поминува под лигаментите и кој спојува две коски на стапалото. Таа болка најчесто се јавува кај жените и тоа поради високите потпетици кои ги носат. Што да направите? Најдобро е да се посоветувате со лекар. Ако тој проблем не се влошил, ќе биде доволно да носите удобни чевли со ниска потпетица и ортопетски влошки.

bolka

Болка во рамењата и телото

Често се слуша дека овие видови болка ги предизвикува болното срце или исклучително јаката горушица. Меѓутоа, причина може да биде и нешто друго – камен во жолчка. Проблемот почесто се јавува кај жените отколку кај мажите и тоа е поради хормоните кои ги поттикнуваат тие тегоби. Обидете се да делувате превентивно и променете го начинот на исхрана. Нека вашето мени обилува со влакна, како и овошје и зеленчук. Избегнувајте се што е масно, а црвено месо јадете што поретко.

Темноцрвени непца

Отечено и темноцрвено непце е знак за парадентоза која настанува поради пушење, хормонски пореметувања, лоша хигиена и стрес. Меѓутоа, темноцрвените непца можат да бидат и знак дека несвесно, најчесто во текот на ноќта, ги стискате забите. Тоа предизвикува притисок на непцата и доаѓа до промени.

Пецкање во бедрата

Ако понекогаш чувствувате благо пецкање во бедрата, размислете за својата облека и чевли. Имено, таква болка најчесто е резултат на прениските фармерки и останатата тесна облека. До тоа доаѓа поради иритација на нервите. И иако болката немора да биде страшна, со текот на времето може да се влоши.

Hajd Park

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1