Петметарски астероид падна на Земјата


Петметарскиот астероид 2014 АА влегол во атмосферата на Земјата над Атлантикот утрото во четвртокот, еден ден откако беше откриен, а најверојатно вселенското тело целосно се распаднало и не долетало во едно парче на Земјата, се наведува во соопштението на Центарот за мали планети при Меѓународната астрономска унија.

asteroidОва е само втор случај во историјата, откако се набљудуваат овие појави, која небесно тело паднато на земјата е откриено непосредно пред неговиот пад. Првиот ваков случај беше регистриран во 2008 година, кога астероидот 2008 ТСЗ беше откриен помалку од еден ден пред неговите делови да паднат на територијата на Судан.

Астероидот 2014 АА беше откриен утрото на 1-ви јануари од страна на американската опсерваторија Маунт-Леммон. Астрономите спроведоа серија мерења од чии резултати заклучија дека тој за помалку од еден ден ќе падне на планетава.

„Практично се покажа како точно дека 2014 АА влегол во атмосферата на Земјата на 2-ри јануари, околу 4.50 часот по Гринич (6.30 часот по македонско време)”, се вели во соопштението.

Според пресметките на Сивен Чесли од Лабораторијата за реактивни движења (Jet Propulsion Laboratory) при американската агенција за вселенски истражувања NASA, најверојатно областа на падот на астероидот се простира од централна Америка до источна Африка.

„Малку е веројатно дека 2014 АА го преживеал влегувањето во атмосферата, бидејќи тој беше според димензиите со 2008 ТСЗ”, се додава уште во соопштението на Меѓународната астрономска унија. Големината на астероидот 2014 АА беше проценета на три до пет метри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1