Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21:30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Сите повредени се надвор од животна опасност, пренесува МИА.
Несреќата се случила кога возачот И. Р.(1977), од Скопје управувајќи моторно возило од марката „волксваген“ со скопски регистарски таблички движејќи се од Крива Паланка кон Куманово, на месноста викана „Руѓинска кривина“ во атарот на село Сув Ора, изгубил контрола, слетал од патот, се превртел на покривот и запрел, соопшти кумановската полиција.
Во возилото имало уште четворица сопатници при што сите петмина се здобиле со телесни повреди и се пренесни во кумановската болница.
Возачот потоа е пренесен на една од скопските клиники.