Силувал повеќе од 100 жени кои се јавиле на оглас за медицинско истражување!


Полицијата во Јапонија го уапси 54-годишникот Хидејуки Ногучи кој се сомничи дека дрогирал и сексуално злоставувал повеќе од 100 жени.lekari

Жртвите верувале дека учествуваат во медицински истражувања, а мажот наводно им давал седативи откако ќе ги намамел во хотел, пренесе Јутарњи.

Жените се јавувале на огласите на кои се барале волонтери за „клиничко истражување за мерење на крвниот притисок во сон“.

Засега потврдени се 39 случаи на силување, но во полицијата веруваат дека вкупниот број жртви е поголем и дека ги има повеќе од сто.

Ногучи го снимал сексуалното злоставување и подоцна снимките им ги продавал на дистрибутерите на порно филмови. На тој начин заработил околу 85.000 долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1