Велики Петок или петок пред Велигден, кој годинава се паѓа на 18 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а понеделникот после тој викенд, на 21 април е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Овие денови се неработни согласно Законот за празниците на Република Македонија, додаваат од Министерството.