Зошто изгуби СДСМ – Фејсбук ,,не ги навредувајте тие од кои барате да гласаат за вас“


Статуси на социјалната мрежа Фејсбук посветени на изборните резултати од првиот круг претседателски избори

– M.M

sdsm vmroЛуѓе, не ги навредувајте тие од кои барате да гласаат за вас или за вашиот кандидат. Ако нешто го упропасти СДСМ тоа е синдромот на аристократија, на чувството дека се дадени од Бога и предодредени да владеат, без оглед кои се и какви се. За да победиш ваков противник мора да имаш подобра политичка понуда. Убедувањето дека „сме ние поубави, попаметни, попарфимирани, пофризирани, поначитани, повоспитани, помодерни, поевропски…“ не поминува. А, уште помалку гневот кон тие што осум години чекаат да се спуштите на земја и да сфатите дека со аристократиите е готово многу одамна.

-М.Н

Она што за мене е најдепримирачко е дека во мојата држава постојат 400000 луѓе за кои Ѓорѓе Иванов е добар претседател.
Тоа значи дека 400000 луѓе не ги разбираат гафовите кои ги прави.

sdsm lider koj400000 луѓе се на пониско ниво на интелегенција од неговата.
400000 луѓе не можатда видат дека Македонија оди наназад.
400000 луѓе мислат дека нивниот живот е добар.
400000 луѓе мислат дека претседателот треба да поддржува закони со кои се амнестираат воени злосторства, да поставува амбасадори кои немаат ни ден искуство, да потпишува закони кои се носат во незаконска процедура, да промовира национализам до ниво на шовинизам, да поставува уставни судии кои се ненадлежни за испитување на уставноста на билокој закон, да …
Тоа се 400000 луѓе на кои не можам да им објаснам ни тоа дека се повредуваат нивните сопствени права, а камоли правата на другите.

– И.П

Ок, поразени сме сите што сакаме слобода и демократија, која подразбира силни институции, еднакви права, правна држава. ВМРО ДПМНЕ покажа дека и мајмун да кандидира, неговата машинерија ќе го изгласа и Македонија може да добие и мајмун за претседател. Проблемот е веројатно и во тоа што неправедно мислиме дека правдата ќе победи.

sdsm640nasaСе отиде на избори без попис, со гласачи од Пустец, со непосточеки граѓани од непостоечки влезови, згради (може ќе излезат и населби), сите ги видовме обележаните возила во Шутка, се потроши половина милијарда евра од буџетот само во првите два месеца и видовме со свои очи дека нема слободни избори.

Се согласувам со тврдењата дека мафија ја води државата и од мафијаши не можеш да очекуваш принципиелност и фер борба.
Ние што сме поинакви од мафијашите… како до сега, така и од сега ќе продолжиме да се бориме за вредностите за кои се залагаме, а ако не може овде да се обезбеди пристоен живот, оправдано ќе трагаме по можност да најдеме место каде ќе може достоинствено да се живее.

– Џ.Х

Сабајлево уште 100.000 луѓе размислуваат за брза ЕВАКУАЦИЈА од државата. Изгледа подобро не сме ни заслужиле. Во оваа држава нас не може ниту злото ниту доброто да не обедини, па затоа полесно ни е да се селиме од неа.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1