Запален автомобилот на екс претседателот на велешкиот суд


kola zapalenaНоќеска околу 2 часот засега непознати сторители го потпалиле автомобилот марка „форд фиеста“ на поранешниот претседател на Основниот суд во Велес Јордан Лазаров. Колата била паркирана пред влезот на семејната куќа на Лазарови, во новиот дел на градот, јави „Дума“.

Пожарот прв го забележaл синот и веднаш реагирал. На помош дошле и соседите, па по извесно време пожарот бил угаснат.

Случката била пријавена во полиција. Во моментов се врши увид на местото на запаленото возило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1