Трагедија: Малиот Марко по смртта на целото семејство остана сам на светот (ФОТО)


Марко цело време плаче и ги повикува родителите, сестрата и братот. Ја вика сестрата да му помогне да учи, а братот да играат фудбал. Огромна жал и тага го снајде ова дете. За момент му се сруши детството, преку ноќ остана без целото семејство, велат соседите.

mar.jpg50011 годишниот Марко Вучиниќ од селото Вуча над Лепосавиќ во еден ден остана без мајката Драгица (37), таткото Ѓоко (46), сестрата Марија (13), братот Андрија (6) и стрината Снежана (47).

Роднините го молат да јаде, барем малку, но тој нема желба за ништо. Не излегува од соба, само ги гледа сликите од своите најмили кои загинаа во петокот, кога нивниот автомобил излета во реката Ибар.

Игра на судбината, Марко тој кобен ден останал во училиште и не тргнал со семејството на патот од кој не се вратиле.

4mar.jpg500На семејната маса кај Вучиниќ има четири свеќи, а покрај нив урамени слики на погинатите.

– Марко цело време плаче и ги повикува родителите, сестрата и братот. Ја вика сестрата да му помогне да учи, а братот да играат фудбал. Огромна жал и тага го снајде ова дете. За момент му се сруши детството, преку ноќ остана остана без целото семејство, велат соседите.

Само еден ден по најтажниот погреб, селото Вуче и понатаму е немо, пишуват српските медиуми. Роднините на малиот Марко плачат заедно со него.

– Ни доаѓаат пријатели да ја поделат тагата со малиот преживеан член од ова семејство. Марко остана без своите најмили, сирото дете. Мора да му помогнеме на овој ангел. Што и да направиме, не можеме да му ја надоместиме загубата, но можеме да му олесниме да ја преживее оваа страшна трагедија, раскажува Вукомир Вучиниќ, роднина на Марко.

1mar.jpg500Тој вели дека малиот Марко ќе остане со роднини кои ќе се грижат за него. Некое време ќе живее во својата куќа, а подоцна најверојатно ќе живее кај чичковците.

– За тоа ќе се договараме кога ќе помине некое време. Кај кој и да биде, на Марко ќе му недостигаат неговите најблиски, но сум сигурен дека кај секој од нас ќе му биде добро, додава Вукомир.

Другарите на Марко, учениците од ОУ „Вук Караџиќ“ ќе му помогнат да ја ублажи болката. Веќе од денес официјално ќе биде побарана помош од големи претпријатија во Србија.

– Марко не е сиромашен, но добро би било некоја фирма да му обезбеди џепарлак и да му помогне околу школувањето, вели Ана, негова другарка од училиште.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1