Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.
Потоа, следи викенд, па неработен е понеделник по Велигден, 29. април.
Неработен е и Први мај кој доаѓа веднаш потоа.