Петте најчудни градби на светот


01-thecrookedhouse-thumb5. Искривена куќа во Полска

Ова градба се наоѓа во Полса, а сликата изгледа како невешто користење на фотошоп.

Сепак ваквата зграда е вистинска, а изградена според нацртите на Јана Марцина Сцанцер и Пера Дахлберг. Градбата има кров прекриен со метални плочи и зелен спреј.

05-thebasketbuilding-thumb

4. Лонгабергер во Охајо

Овој примерок на нова архитектура може комотно да се нарече најголемата кошница во светот.

Зградата има седум катови, а внатре е сосема нормална.

09-cubichouses-thumb3. Коцкаста куќа во Ротердам

На прв поглед оваа градба е целосно збунувачка.

Се обидувате да се прилагодите на истата, но не можете да откриете на кој начин е истата направена. Можеме само да претпоставиме како се чувствуваат луѓето кои живеат внатре.

08-habitat67-thumb

2. Хабитат 67 во Канада

Прво замислена како објект кој може да собере голем број на луѓе, оваа зграда стана токму спротивното, скапо решение за градителите. Сега е една од атракциите во Монтреал, а претставува лустрација на животот на луѓето во пренатрупаните градови.

29-containercity-thumb1. Градот на контејнерите во Лондон

За живот во авто-приколките сме слушнале во американските филмови, но ова во Лондон е нова визија на станбеното решение на 21 век.

Се работи за метални контејнери. И покрај тоа што може да ви се чини чуден изборот за животниот простор, ова се цврсти, долготрајни и отпорни контејнери.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1