Власта преку закани и пристисоци кон граѓаните се обидува да го ускрати правото на протест и револт од политичките случувања, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ откако вчера директорот на МНТ најави казни за актерите кои во знак на поддршка за својот колега Владо Јовановски ја откажаа претставата „Ничија земја“.. Според опозициската партија на овој начин, власта сака да ги замолчи и цензурира своите неистомисленици..
„Закана врз актери кои изразиле чин на сочувство со свој колега се незабележани во Европа, ниту на било кое друго место во демократскиот свет. Заканите врз актерите се одлика на хунти и фашистички режими. Лудилото на хунтата на власт не познава граници. Власта се пресметува со секој искрен патриот. Власта се пресметува со секој Македонец кој излезе и кажа не на Тиранската платформа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ..
Од партијата велат дека нема да дозволат да продолжи тортурата врз граѓаните и затоа ќе продолжат протестите за осуда на политичкиот реваншизам.. За денеска најавиа голем собир пред Министерството за правда..
Протестите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа во средата веднаш по акцијата за апсење на организаторите на протестите За заедничка Македонија и шестемина пратеници обвинети за собраниските инциденти од 27 април..