Пијан незнаел каде ја паркирал колата – му ја нашле по 2 години


Германец по две години си го пронајде автомобилот, и тоа со се вредниот алат во багажникот, непипнат.

Германецот по една бурна ноќ бил толку пијан што никако неможел да се сети каде го оставил возилото. На крајот се јавил во полицијата во Минхен и пријавил дека му го нема автомобилот.

Тоа било декември 2010 година. Возилото тогаш не можела да го најде ни полицијата. Но како што пренесува Ројтерс, полицијата сосема случајно минатиот месец го пронајде  возилото, на четири километри од местото каде што 33-годишниот сопственик, инаку по професија столар, го оставил.
интересно е што никој не го пипнал возилот. А во багажникот на автомобилот имало алат вреден 40.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1