Пијан татко и и го заклал мажот – и го срушил светот, а и рекол јеб**га.. морав, па сега што!


” Викав, го бакнував, молев да стане, но тој беше мртов”, вели Драгана Дражиќ чиј сопруг Александар Станков (22) почина откако татко и Здравко (50) го заклал. Кога низ плач и грч го прашала што стори татко и рекол ,, јеб**га морав, па што сега!  “Тој ме уби и мене со него. Татко ми, е мртов за мене “

“Мојот Аца ми почина во рацете. Не бев ни свесна дека тој тогаш умре. Додека чекав во болница, си ја кубев косата, викав, молев лекарите да ми кажат како е мојот сопруг. Кога докторот ми кажа дека тој починал уште во куќата, јас само се онесвестив “, вели Драгана за трагедија на семејството.

Нејзиниот невенчан сопруг Александар Станков (22) од Белград беше убиен со нож од страна на нејзиниот татко Здравко (50) вчера во местото Кацура.
Александар и Драгана една година живееле заедно кај таткото на Александар во предградие на Белград. Во септември, се скарале и Драгана се вратила со бебето кај таткото и двајца браќа.

Во саботата вечер Александар дошол во куќата да ја моли да се смират, да се врати со детето. И ветил дека ќе изнајмат стан, ќе живеат сами да започнат нов живот со своето бебе.
– Но прв и последен пат Александар дојде до оваа куќа … Имавме вечера, пиевме кафе и зборувавме убаво. Одеднаш, пијан татко ми Здравко почна да го провоцира Аце. Во тој момент заплака бебето, па отидов во друга соба да го смирам. Веднаш по мене дојде и Александар – вели Драгана за Телеграф.
Набргу потоа, во собата се втурнал и Здравко и веднаш го грабнал зетот од зади и почнал да го удира.
– Аце се бранеше и викаше: “Немој дедо несакам ни да се караме, а камоли да се тепаме. Ќе решиме се на мирен начин. “

Бидејќи детето се повеќе плачеше поради викањето, јас ја напуштив куќата и излегов надвор, не мина ни една минута или две, кога брат ми истрча надвор и ми рече: “Повикајте брза помош, Здравко го закла Ацо со нож”. Влегов во собата и имав што да видам. Ацика лежеше половина на креветот, половина на подот, облеан во крв. Ја ставив една рака под главата, едена на телото. По пет минути тој доби сина боја. Вреснав, го повикував, молев, бакнував, но тој бил мртов …
Драгана во болка го прашала нејзиниот татко, зошто го направи тоа? А тој ладнокрвно одговорил: “Ј … га, морав, па сега што.”

– Дали е тоа нормален човек, дали нормален човек може така да каже?  И нашата мајка го остави зашто секогаш е пијан. Тој не треба да живее, никогаш не сакам да го видам, тој е мртов човек за мене! Го уби Ацо – ме уби и мене со него!

Не само за мене, тој е мртов за цело семејство, вели Драгана со солзи во очите. Постариот брат на Драгана не може да ги задржи солзите по смртта на зетот.
– Здравко нека гори во пеколот! Што направи … Аца беше мирену и добар, како и неговите родители Горан и Слободанка. Како ние сега да им објасниме на луѓето дека чудовиштето од татко го уби, вели Александар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1