Пијан велешанец пукал кон бившата девојка


Пијан велешанец пукал во неговата поранешна девојка пред нејзиното малолетно дете, синоќа околу 22 часот во Велес, на улицата Благој Ѓорев, соопшти МВР.vperenPistol-540x320

М.Д. (28) од Велес дошол во домот каде што престојувала неговата поранешна девојка Ѓ. Д. (37) по што од над регалот од дневната соба зел претходно оставена воздушна пушка марка „ИЖ- 38“ и во присуство на нејзиното малолетно дете почнал да и упатува закани дека ќе ја убие удирајќи со пушката по масата, потоа ја вперил кон неа и испукал еден проектил кој ја промашил и завршил во регалот. Потоа со пушката ја удрил во пределот на главата по што заминал.

Половина час после полноќ М.Д. бил повикан во полициска станица, каде бил извршен разговор по што околу 03.30 часот бил ослободен, а воздушната пушка му била одземена со потврда за одземени предмети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1