Македонец уапсен во Грција за обид за швец на дрога


Грчката полиција уапси 22 годишен Македонец за обид за шверц и поседување на дрога во Грција. Македонскиот државјанин имал во своја сопственост три торби со над 40 кг канабис спакувани во 38 помали пакетчиња, јавува Мета

Уапсениот бил испитан во полицијата, а ќе биде изведен пред обвинителството во Лерин со кривично обвинение за обид за пренос и поседување дрога во Грција и пружање отпор при обидот за негово апсење.droga

Полицијата која била вклучена во акција за борба и спречување на шверц на дрога го забележала момчето заедно со уште еден соработник како пешки се движат со три торби низ рурална област во близина на Лерин. Полициските служби од Лерин и полициски претставници на граничната служба од Преспа веднаш штом ги забележале презеле акција за нивно апсење. Во полициската акција било уапсено само 22 годишното момче и покрај неговото противење и обид да избега, додека пак неговиот соработник успеал да се скрие и да и избега на полиција.

Грчката полиција се уште трага по него, а доколку биде најден исто како и неговиот соработник ќе треба да одговара пред обвинител за пренос и поседување дрога и давање отпор при апсење.

Мета

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1