7- годишното дете Самир Хусеин од Загреб е најмалиот член на 11 членото семејство, тие не дочекаа нивниот син да тргне во првото одделене. Неговиот живот во неделата во поладневниоте часови пред куќниот праг беше згаснат од пијаниот возач Дарко. К.
Пијаниот сосед кој во него имало 3, 43 прмили алкохол во крвта, го прегази малиот Самир и си продолжил да вози како ништо да не се случило. Освен што тој бегал со автомобилот паднале и тешки зборови од устата на пијаниот возач, зборуваат сведоците – „ Што скате вие Роми од мене“?.
– Се слушна страшен удар. Комбето со сите четири тркала го прегази детето и продолжи да вози. Почнав да трчам по него можеби еден километар. Викав: Дојди,дојди! А тој уште толку притисна на гас, сепак не можеше тој толку брзо да вози колку што јас можев во тој момент да трчам. Го стигнав и му отворив врата, го прашав дали знае што направил? Го извадив од автомобилот со помош на уште неколку соседи и го внесовме во куќа. Беше толку пијан што не можеше ни да оди, раскажуваше низ солзи вујкото на 7- годишниот Самир.
Додека чекале полицијата да дојде, на пијаниот возач соседите се труделе да му објаснат дека тој убил дете. Одговорот кој го добиле од Дарко бил шокирачки: „Не е важно ,еден циган помалку“.
Оваа изјава на возачот го згрози Балканот, тој е во притвор.