Пијани навивачи – Токсикологија подготвена за Супер Купот


Во пресрет на УЕФА Супер Купот, Клиниката за токсикологија обезбеди двојни екипи за дежурање во наредните 48 часа, како и дополнителни екипи на повик.

„Со цел поуспешна евентуална здравствена помош на гостите, апелираме и потсетуваме за граѓаните на Скопје да ги користат услугите на Ургентниот центар во ГОБ 8 Септември – како најблиска установа каде можат да ги добијат неопходните здравствени услуги.

Исто така, и во рамки на службата за итната медицинска помош при Здравствен дом Скопје – обезбедени се дополнителни екипи, а возила на итна медицинска помош ќе бидат присутни и на плоштад Македонија каде ќе се одвива централниот пренос.

Министерството за здравство, упати укажување до сите јавни здравствени установи за повисок степен на подготвеност, односно да обезбедат доволно тимови за евентуално зголемување на бројот на пациенти“, се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1