Мајк Хобел, пилот со долгогодишно искуство тврди дека разгледувајќи илјадници сателитски слики го пронашол исчезнатиот малезиски авион, но истакнува дека никој не му верува.
Овој 60-годишен човек преку интернет разгледувал сателитски снимки, а кога наишол на оваа фотографија останал без зборови.
Тој се шокирал кога забележал летало кое лежи на дното на морето на североистокот на Малезија. Ги споредил димензиите со исчезнатиот авион и сфатил дека се речиси идентични. Напоменува дека направил споредба со димензиите на објектот со спецификации од самиот „Боинг 777“ кои ги има на нивниот сајт и утврдил дека се идентични.
Новинарот на кој му ја раскажал својата приказна го прашал дали можеби се работи за морско животно, тој одговорил дека е можно само доколку животното е долго 64 метри.
Тој се обидел да го извести Националниот одбор за безбедност на сообраќајот, но не му дале одговор. На ѕид на молк, наишол и како што вели кога се обидел да ја контактира и ФБИ.
Останува да видиме каков ќе биде расплетот на ова откритие.