Дишете слободно ако сте свртеле на измамата со пораки – Т-Мобиле ги простува и брише од сметка


Мобилниот оператор Т-Мобиле, кој предупреди дека во март и април имало многу спам-повици и спам СМС од  броеви што почнуваат на +88, +22 и +21 и +29, известува дека имало и корисници кои се јавувале на посочените броеви, со што создале големи трошоци.

smsСепак, како што вели компанијата, иако корисниците биле предупредувани да не го прават тоа, сеедно ќе им се излезе во пресрет и трошоците направени со тие повици ќе им бидат избришани од сметките.

„Иако не станува збор за пропуст на мобилниот оператор, заради сигурноста и задоволството на нашите корисници, одлучено е сите трошоци од горенаведените броеви и СМС да се отпишат од априлската сметка (воопшто да не се прикажат во сметката), а сите приговори во врска со вакви трошоци од март, да бидат прифатени и корисниците да бидат обештетени.

Станува збор за појава, која не е нова и не е локална и во наредниот период останува да важи советот да не се бира повратно на вакви броеви“, се вели во соопштението од Т-Мобиле.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1