Пилот на авиокомпанијата Sriwijaya Air која имаше забрана од страна на ЕУ до 2009 година за летови, требало да слета на меѓународниот аеродром Паданг. Сепак од неразјаснети причини авионот во кој имало 96 патници и членови на екипажот го спуштил на погрешен аеродром и тоа во воздухопловна база.
Базата каде слетал не се користи за цивилни авиони и е на дури 12 километри оддалеченост од аеродромот. Затоа и е нејасно како можел толку да промаши.
„Ова е сериозен и опасен инцидент за безбедноста на патниците“, изјави Бомбанг Ерван портпарол на Министерството за транспорт. Истрагата е во тек и пилотот чие државјанство засега не е откриено е разрешен од пилотската позиција.