Пилоти предупредувале дека авионот на „Етиопиан ерлајнс“ e небезбеден – властите игнорирале


Пилотите со месеци пред авионската несреќа во неделата во Етиопија, во која загинаа 157 лица, се жалеле до американските федерални власти на новиот Боинг 737 Макс 8, јавува Њујорк Пост.

Поплаките биле поднесени од пилоти кои летале со тој авион во октомври и ноември 2018 година, и сите поплаки се внесени во федералната база на податоци, според Далас Морнинг њус.

Сите жалби се однесуваат на „безбедносниот механизам“, кој бил наведен и во прелиминарниот извештај од истражувањето за падот на индонезискиот Лајон ер во октомври, кога загинаа сите 189 лица во авионот.

Поплаките се однесуваат на проблемите на авионите Макс 8 со автопилот системот при полетувањето, се вели во извештајот. Низа поплаки велат дека брзо по полетувањето авионот одеднаш ќе го свртел носот надоле кон земјата.

„Фактот дека овој авион бара толку многу работа за да биде во состојба да лета дефинитивно е предупредување“, вели еден од пилотите во поплаките.

„Несфатливо“ е како федералните власти и авиокомпаниите продолжуваат да дозволуваат пилотите да летаат со авионите без да објаснат како тие се разликуваат од останатите авиони, наведува истиот пилот.

Во соопштението од вторникот на ФАА (Федералната агенција за воздухопловство) се наведува дека со прегледот на авионите не е утврдена причина поради која сите авиони на тој модел треба да бидат приземјени.

„Досега, нашиот преглед не покажа проблеми со системските перформанси и не дава основа да се нареди приземјување на авионите“, велат од ФАА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1