Фарик Абдул Хами (27), пилотот на исчезнатиот малезиски авион за време на летот го прекршувал протоколот и повикувал патници во пилотската кабина со кои се фотографирал, пушеле пури и им гледал во дланките.
Џонти Рос и Џaн Маре се две од многуте патници кои биле повикани во пилотската кабина во текот на летот од Пукет во Куала Лумпур.
Рос изјавила дека таа, Маре и пилотот во кабината пушеле пури и се фотографирале во текот на летот. Таа додала и дека во еден момент пилотот ѝ ја зел раката на нејзината пријателка за да ѝ гледа во дланка и да ѝ ја предвиди судбината.
Овој инцидент се случил во декември 2011 година, кога Рос со својата пријателка патувала кон Куала Лумпур.
– Се чувствував безбедна. Во ниту еден момент не почувствував опасност, или помислив дека тие не знаат што прават. Беа многу пријателски расположени, изгледаа многу сигурни и оставаа впечаток дека знаат што прават, изјавила Рос.