Пилотот на паднатиот авион со бразилски фудбалери и новинари Мигел Кирог панично барал координати за слетување на пистата во текот на последниот разговор со командантот на летот во Колумбија, а операторката му одговорила дека ќе може да слета дури за седум минути.
Објавен е транскрипт од последниот разговор:
Операторка: Имам авион под вас кој му приоѓа на аеродромот. Колку ќе останете вие во положба за пристап на авионот?
Пилот: Имам проблем со горивото, госпоѓо. Затоа ви барам дозвола, точка.
Операторка: Барам моментално слетување.
Пилот: Госпоѓо, LMI2933 е во целосен дефект, целосен електричен дефект, без гориво.
Операторка: Пистата е чиста, ве чека дожд на пистата. Пожарникарите се информирани.
Пилот: Координати госпоѓо, координати до пистата.
Операторка: Дајте му ја вашата висина
Пилот: Девет илјади фити, госпоѓо. Координати, координати!