ПИПАН: Мене распнете ме, ама играчите не ги чепкајте!


По завршетокот на учеството на Македонија на Евробасктетот, Пипан се обиде да ги заштити своите играчи од критиките што би следеле од јавноста. Една од причините за лошиот резултат Пипан ја најде во неиграњето на повредениот Ѓорѓи Чековски, извести mkd.mk.

pipan-300x199„Многу ни недостигаше Чековски во ротацијата. Тој беше наш најдобар кошаркар во подготвителниот период поради што неговото отсуство многу нѐ погоди. Брчков денеска солидно го замени, но тој е дебитант и од него допрва ќе се очекуваат добри игри. Тешко е да се направи анализа веднаш по средбата, треба одново да се погледнат сите натпревари. Многу нѐ погоди неправдата против Црна Гора, а против Србија покажавме дека знаеме да играме големи средби. Но потоа дојде БиХ, односно голем пад. Денеска бевме во тешка ситуација уште од самиот почеток да бркаме разлика, што донесе притисок кај играчите“, изјави Пипан.

„Ако барате виновник, јас сум тука и можете да ме распнете, но не ги чепкајте кошаркарите. Тие заслужија да одат со крената глава, тие најмногу сакаа да ги добијат натпреварите. Дадоа сѐ од себе од почетокот на подготовките до денеска”, дополни словенечкиот стратег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1