Во Солун се собраа над 2000 голи велосипедисти по повод 7-та меѓународна парада на голото јавање. Настанот се одржува седма година по ред во Солун, а секоја година се повеќе градови се приклучуваат на оваа иницијатива.
Голи велосипедисти може да се видат низ улиците на 70 градови во светот, а Солун е домаќин на настанот од 2008 година, со значително зголемување на бројот на велосипедистите кои учествуваат секоја година
Идејата на велосипедската обиколка е да се обрне внимание на загадувањето на природата и насилството.