Пишуваат невистини – реакција од Претседателот на Кривичниот суд


Претседателот на кривичниот суд испрати реакција до медиумите поради како што вели изминатиот период од страна на неколку портали, како и претставници на одредени медиуми и адвокати, се објавуваат написи во кои се шпекулира со разни лаги и невистини со кои се прави директен обид да се дискредитира тој лично, но и работата на судската управа на Кривичниот суд во Скопје. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

Во однос на повеќе новинарски прашања упатени до претседателот на судот од неколку информативни портали поврзани со конкретни написи за неговата работа и работата на Кривичниот суд во Скопје, а заради транспарентно и прецизно информирање на јавноста одговорите ги објавуваме во целост.sud mk3

-Изминатиот период од страна на неколку портали, како и претставници на одредени медиуми и адвокати, се објавуваат написи во кои се шпекулира со разни лаги и невистини со кои се прави директен обид да се дискредитира мојата работа, но и работата на судската управа на Кривичниот суд во Скопје. За „сериозноста“ на овие текстови говори и тоа што во истите воопшто не се опфатени никакви факти и докази ниту пак потврда на информациите од одреден, макар и анонимен извор, туку се напишани врз основа на дезинформации од луѓе кои очигледно преку ваквите навреди и клевети обработуваат за реализација на нечие црно сценарио.

Во однос на тврдењето дека претседателот на судот злоупотребувал меѓународни донации, заради лично богатење, и новинарските прашања – како ги коментирам истите:

-Ги информираме сите граѓани дека сите донирани средства за опремување, доопремување, обуки на вработени и слично, наменети за судот, се реализираат преку Судскиот буџетски совет и Министерството за правда на Р.М. па дури и оние средства кои се наменети за тековно работење на судот се реализираат преку вирманско плаќање, а судската управа нема никаков директен контакт со средствата, па затоа нејасно е како истите може да бидат злоупотребени, а за тоа да не поведат постапка меѓународните донатори туку поединци кои очигледно немаат основно познавање за Законите кои го регулираат судското работење и создадаваат приказни и невистини кои немаат врска со новинарската дејност и етика.pravda sud

Воедно ја известувам јавноста дека никогаш не сум бил стечаен судија, како што беше објавено на одредени портали со моја слика, а тоа може да се провери во мојата биографија и со ова уште еднаш се покажува и докажува кредибилитетот на тие што го објавуваат.

Во однос на парашањето дали за овие клевети и навреди ќе поведам постапка:

-Не планирам никаква тужба бидејќи овие очигледни невистини не ги чувствувам како напад против мене и за разлика од оние што ги пласираат, мојот углед и авторитет е изграден и потврден во текот на моето работење.

Затоа ги повикувам сите граѓани кои имаат одреден сомнеж во мојата работа или во работата на Кривичниот суд, да го пријават случајот на релевантните институции, бидејќи мојата имотна состојба е јавно достапна и проверлива, а сите они кои имаат одредени прашања, слободно може да ми се обратат, како што тоа го прават поголем дел од новинарите кои професионално ја следат работата на претседателот на судот и самиот суд, а не одговорите да ги бараат во неаргументирани коментари и шпекулации кои доаѓаат од поединци, како и оние кои ги подржуваат истите, кои најверојатно преку замајување на јавноста со измислици се обидуваат да го сокријат раскошот и развратот во кој живеат.

Со почит

Владимир Панчевски.
.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1