Писмо на татко скршен од болка: Ви благодарам, Путине и Украино, што ми го убивте единственото дете


Ханс де Борст ја загуби својата ќерка единка во авионската несреќа над Украина во која животот го загубија вкупно 298 лица.

Писмото е поставено на Фејсбук страницата на Ханс. Тој им се „заблагодари“ на оние кои го убија „неговото сакано и единствено дете, Елсемејк де Борст“ и воедно и ја украле иднината со своето насилство.

devojce avion zrtva

„Убијци, се надевам дека сте горди што го згаснавте нејзиниот млад живот и иднината која ја имаше, исто како и на многу други. И дека утре сепак ќе можете да се погледнете во огледало.“

devojce avion zrtva 2Ханс вели дека неговата ќерка патувала со својот полубрат, мајката и очувот кога била „симната од небо, на украинската земја каде се води војна.“

 

„Елсемејк требаше да ги заврши своите последни испити идната година, заедно со своите пријателки Јулија и Марина, затоа што беше одлична ученичка. Потоа сакаше да оди на Техничкиот универзитет и да учи за инженер и баш се радуваше на тоа…“ раскажува тажниот татко.

– Таа имаше само 17 години и беше ученичка во гимназијата во Ден Хаг. Тргна на одмор во Малезија. Следната година требаше да матурира и многу се радуваше. Сакаше да се запише на факултат за технички науки за да биде инженер и сега оддеднаш не е тука. Се надевам дека сте горди на себе бидејќи и го уништивте нејзиниот и уште многу други животи. Се надевам дека ќе бидете во состојба да се погледнете во огледало – напиша неутешниот татко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1