Студент кој е сместен во студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, но за жал сместен во нереновираниот блок вели дека веќе неколку дена живеат без топла вода и без лифт. Неговото писмо ви го пренесуваме во целост.
Почитувани,
Студент сум и живеам за жал во студенскиот дом Гоце Делчев. Преку глава веќе ми е од условите. Џабе реновиран еден блок кога преостанатите два блокови каде што 2/3 од студентите живееме, се без никакви услови. Како и секогаш…. а и сега, немаме топла вода. Но и лифтовите не работат.
Еве веќе извесен период, топла вода ни за лек. Секој ден надлежните ни излегуваат со разни изговори дека, се поправа пумпата, треба да дојде мајстор, треба да се смени грејач и што ли уште не. Па дај средете веќе еднаш, напрајте да се нема никаков проблем. Кога веќе е можно да се реновира цел блок, ваљда се има некој денар да имаме барем топла вода и лифт.
А за лифтот како и претходно. Се прекрстуваш пред да влезеш (ова се однесува доколку работи), а сајлите квичат ли квичат….Не подмачкани па ни сервисирани некогаш.
Се молкниш со куфери 14 спратови, без здив во себе. И по неколку пати на ден ги искачуваш и ги симнуваш скалите. Дали за се што би имал потреба.
Ако не, дополнително одлагаш обврски па се наеднаш на едно слегување од височините да средиш се.
Доколку лифтот се расипе, ден- два пред викенд или државен празник тогаш „не однесе матната“….Ни некој реагира ни помрднува со прст, па така чекаме одвај понеделник со надеш дека ќе се смилува некој и ќе повика сервис.
Почитувани, се извинувам за нафрлените реченици…Но премногу сум лично јас револтиран, а и сите станари. Ве молам да останам анонимен. Слободно дојдете и видете дека е тоа така.