Жената која изнајмува соба од бабата на детето кое починало ги раскажала за страшните детали од нападот. Таа рекла дека 5 пит були го нападнале момчето во дворот.
„Беше грозно. Му го изгризаа лицето. Му го изедоа лицето. Не личеше на детето кое го знам“ – раскажала таа.
Таа заедно со вујкото на настраданото дете внимавала на него, на неговиот постар брат и на двете свои деца. Одеднаш забележале дека момчето „исчезнало“. Се претпоставува или дека детенцето скокнало од прозорот во дворот – или пак дека кучињата го одвлекле од собата. Но според домашните кучињата никогаш не биле агресивни и не ни можат да претпостават што се случило. Кога виделе дека го нема детето во собата почнале да го бараат. го пронашле на крајот од дворот како лежи облеан во крв – однесено било веднаш во болница но веќе предоцна.
„Околу 20-тина минути безуспешно го бараа, а потоа го здогледаа во дворот зад куќата. Им побегнал низ прозорецот, претпоставувам, за да си игра со кучињата кои го зграпчиле“ – раскажал соседот на семејството, Кевин Кардиел.
Родителите и бабата на момчето не биле дома за време на нападот на најмалиот член на семејството. Полициската истрага на сите околности дури подигнале и првично обвинение против бабата на детето која е сопственик на кучињата.