Питачи преку ден глумат во инвалидска количка – навечер со Ајфон во рака


Против питачите измамници, полицијата долго време собирала докази.

Порталот Tz.de пишува дека во Салцбург, Австрија е откриена група измамници, кои глумат дека се питачи а месечно заработуваат по 2000 евра.pitaci.jpg500

Од страна на полициските службеници биле шпионирани 11 питачи кои преку ден глумеле лица со инвалидитет, а по завршетокот на работно време ги фрлале бастумите и инвалидските колички се качувале во своите автомобили, го земале Ајфонот во рака и оделе на пијалок со пријателите.

За разлика од останатите европски градови, Салцбург е омилена дестинација за лажните питачи бидејќи тука ваквиот бизнис е попрофитабилен.

-Сигурно дека има питачи кои принудени од сиромаштијата молат за корка леб и некој денар. Сепак, се повеќе ги има измамниците кои заработуваат на човековото сочуство и емпатија, вели Франц Руф, директор на полициската инспекција.

Според Франц, шест измамници глумеле лица со инвалидитет се со цел да провоцираат емпатија кај случајните минувачи, а петорица им помагале со тоа што ситните пари ги крупнеле во банка и ги превезувале измамниците од едно место до друго. Меѓутоа, оваа банда не мамела само во Салцбург, туку и во други европски градови. Полицијата уапсила и 52 годишен маж кој принудувал четири лица да просат и им ги земал сите пари. Тој на своите соработници им ги украл пасошите по што ги уценувал и ги терал да просат. Неговите “робови” спиеле на улица а од неа добивале само два оброка дневно. На овој начин 52 годишниот маж заработил 63 илјади евра.

Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1