Пјонгјанг слави, светот во шок – тестираа ходрогенска бомба


Два дена пред роденденот на Ким Јонг Ун, Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба. Така барем тврди официјален Пјонг Јанг, кој традиционално, технолошкиот напредок го објави преку државната телевизија.

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи изјави во средата дека е тешко да се поверува дека нуклеарната направа којашто ја тестирала Северна Кореја била токму хидрогенска бомба, додека Кина, која е единствениот сојузник на режимот во Пјонгјанг преку дипломатијата објави дека Пекинг не бил предупреден за тестирањето на „малата хидрогенска направа“, порачувајќи дека е цврсто против таквата акција.koreja bomba

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, на редовната прес-конференција во Пекинг за новинарите изјави дека Кина ќе работи заедно со меѓународната заедница на денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Кинезите коишто живеат во близина на границата со Северна Кореја, биле евакуирани во средата утрото, по објавата за нуклеарното тестирање од страна на Пјонгјанг, рекле за Reuters анонимни кинески функционери, потврдувајќи дека Пекинг не бил предупреден за тестот.

Јужна Кореја веднаш го осуди тестирањето на соседот, но смета дека тешко може да се поверува оти станува збор токму за хидрогенска бомба, за која Северна Кореја тврди дека ги унапредила своите воени потенцијали

„Севернокорејската провокација е јасно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и сериозен предизвик за меѓународниот мир и безбедност“, порача заемникот на шефот на јужнокорејската дипломатија, Лим Сунг Нам.462932_kim-jong-un-4-foto-reuters_f

Во меѓувреме од сите страни на светот пристигнаа осуди за севернокорејското тестирање на нуклеарната бомба, при што големите сили предупредуваат дека станува збор за загрозување на безбедноста на регионот и кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во пораката на Twitter изјави дека овој чин на Северна Кореја претставува „провокација која е за осуда без никакви резерви“ и „сериозно кршење на резолуциите на ОН. Додаде дека и Британија и Кина се противат на севернокорејското тестирање на минијатурната хидрогенска направа и дека ја поддржуваат обновата на ткн шестострани преговори за разоружувањето

Хамонд, кој во моментов престојува во дводневна посета на Кина, рече дека двете земји се подеднакво решителни дека мора да биде постигната стабилноста на Корејскиот полуостров и дека санкциите против Северна Кореја мора да се засилат.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека Северна Кореја мора да ја прекине нуклеарната програма. Тој повика и на меѓународна осуда за Пјонгјанг поради тестирањето на хидрогенска бомба. Германските власти соопштија дека ќе го повикаат амбасадорот на земјата во Северна Кореја. Портпаролот на германското министерство за надворешни работи, Мартин Шаефер изјави дека таквиот чекор е силен сигнал и дури знак на протест против активностите на Северна Кореја. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков изјави денеска дека Русија е сериозно загрижена за тестирањето на хидрогенската бомба.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе оцени дека тестирањето претставува „сериозна закана за безбедноста“ на Јапонија „Ние тоа апсолутно не можеме да го толерираме“, рече порачувајќи дека Токио ќе преземе „решителни мерки“ против Пјонгјанг и ќе се координира со другите земји како САД, Јужна Кореја, Кина и Русија, за да му се спротистават на овој сериозен предизвик во запирањето на ширењето на нуклеарното оружје, пренесува агенцијата Kyodo.

Франција го осуди тестот со хидрогенската бомба опишувајќи го како „неприфатливо кршење на резолуцијата на Советот за безбедност“ на ОН и „повика на силна реакција на меѓународната заедница“, објави во средата Елисејската палата.

„Во очекување на потврдата на индикациите за нуклеарниот тест во Северна Кореја, Франција го осудува ова неприфатливо кршење на резолуција на Советот за безбедност и повикува на силна реакција од страна на меѓународната заедница“, се наведува во соопштението на кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд, кое го цитира AFP.

САД ветија дека ќе одговорат на „провокациите“ на Северна Кореја иако не се во состојба да потврдат дали оваа земја навистина извела тест на хидрогенска бомба, како што тврди

„Предупредени сме дека имало сеизмичка активност на Корејскиот полуостров, во близина на севернокорејскиот центар за нуклеарни тестирања“, изјави портпаролот на Националниот совет за безбедност при Белата куќа, Нед Прајс,во соопштението објавено ноќта кон средата. „Набљудуваме и продолжуваме да проценуваме во тесна соработка со нашите регионалните партнери“, додаде.

Челникот на Организацијата на Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарните проби (СТВТО), исто така, реагираше на изјавата на Северна Кореја за пробата. „Оваа акција претставува прекршување на општоприфатените норми за забрана на тестирањето на нуклеарното оружје“, изјави челникот на организацијата Ласина Зебро. „Тоа (нуклеарното тестирање) претставува сериозна закана за мирот и безбедноста“, додаде.

Северна Кореја првпат објави дека создала нуклеарно оружје во 2005 година, а кога беа изразени сомневања досега изведе три нуклеарни тестирања. Пјонгјанг тврди дека таквите активности се преземаат поради заштита од „заканата“ од САД и за да не стане „втор Ирак“.

Објавувањето за новото тестирање, овојпат на хидрогенска бомба, следеше по соопштението за севернокорејското лансирање на балистичка ракета од подморница во Јапонското Море.

„Минатиот месец Северна Кореја очигледно извршила тестирање на балистички проектил“, пренесе во средата јужнокорејската агенција Yonhap повикувајќи се на владини извори. Според нив, „лансирањето не било успешно“, но Пјонгјанг продолжува со тестирањето на проектили од подморници, додал соговорникот на агенцијата.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1