Планинар во Делчево спасен од смрт откако доживеал инфаркт


Од Планинарскто друштво „ПОП“ од Делчево, вчера побарале помош за да се спаси планинар, кој имал доживеано срцев удар, а истиот во моментот се наоѓал на тешко пристапен планински терен.

По пријавата околу 12 часот, службеници од граничната полиција веднаш дошле на планината „Средна“, место викано „Орлов чукар“ атар на с.Разловци – делчевско.planinari

Полицајците дошле до повредениот планинар и на истиот му е укажана прва помош, а потоа со службеното возило бил превезен до с. Разловци, каде што веќе било пристигнато возило за Итна медицинска помош од Здравствениот дом во Делчево. Потоа планинарот е пренесен до Клиничкиот центар во Скопје.

Според исказ на докторот од Итната медицинска помош, кај планинарот е констатирано ,,Акутен миокарден инфаркт” и токму навременатата реакција го спасила неговиот живот.

Станува збор за 57-годишен планинар од Неготино кој што учествувал на 8-миот есенски планинарски марш организиран од страна на планинарско друштво ,,ПОП”-Делчево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1