Пред 20 години бил просјак, му помогнала жена – Сега е бизнисмен и ја нашол


Поранешен просјак од Кина на жена која му помогнала пред 20 години сакал да и даде 130.000 евра.  Кинезот Хе Ронгфенг, денес 38-годишен богаташ пред неколку дена успеал да ја пронајде жената на која никогаш не престанал да мисли и и тропнал на врата со вреден чек од 130.000 евра.

Бизнисменот некогаш бил сиромашен и просел и така заработувал за живот, а во 1993 година кога имал 17 години ја сретнал Даи Ксингфен (45) која се сожалила на него.gratitude

Таа го однела него и уште двајца просјаци во својот дом и ги нахранила а притоа им рекла никогаш да не ја заборават.

– Не нахрани и ни допушти да преспиеме кај неа и утрото ни даде пари за карта. Таа ноќ ни рече дека не е срамота да се биде сиромашен и не испрати со зборовите дека секогаш треба да тежнееме кон тоа да бидеме добри луѓе – раскажал милионерот.

Жената била трогната од самиот факот што Ронгфенг воопшто се стил на неа, но сепак го одбила неговиот великодушен чек со зборовите дека не му помогнала за да има некаква корист од тоа .

На крајот само прифатила да ѝ ја подари плакета на која кинескиот богаташ напишал : „Мојата благодарност е тешка како една планина“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1