Истакнуваат дека нема никаква поврзаност со неодамнешните терористички напади во Париз.
– Истрагата започна неколку недели пред нападите во Париз – истакна заменикот на државниот обвинител Ерик Ван Дер Сипт.
– Сите осомничени имаат белгиско државјанство – изјави Сипт, додавајќи дека со операцијата бил спречен голем терористички напад.
– Спречивме уште еден потенцијален Париз – нагласи Сипт.
Но доцна синоќа белгиските медиуми објавија некои нови детали поврзани за потенцијалниот терористички напад и за тоа која била можната цел.
Имено наводно терористите планирале да киднапираат истакнат белгиски претставник на полицијата и да му ја отсечат главата, а видео снимката од погубувањето да ја објават на интернет. Осомничените се вратиле во Белгија од боиштата во Сирија, минатиот месец.
Белгиската тајна полиција сметала дека синоќа планирале да извршат терористички напад на една од полициските станици и поради тоа тргнале во акција.
До информациите белгиските власти дошле со прислушување на осомничените лица во нивните домови и автомобили.
Степенот на претпазливост на целата територија на Белгија е подигнат на третиот степен од можните четири.