Додека мајката била на фризер, децата и изгореле живи во пожар!


Американката, 21-годишната Кјарија Џонсон, е обвинета за двојно убиство од небрежност, бидејќи нејзините деца на 3, односно 4-годишна возраст, кои ги оставила сами дома и заминала на фризер, изгореле живи во пожар

Полицијата од градот Бастроп во Луизијана официјално соопштила дека Џонсон ги оставила 4-годишната ќерка Таша и 3-годишниот син Клифтон сами во куќата, и заминала на фризер

deca pozar

Мајката наводно на полицајците им кажала дека од куќата излегла во 13 часот, но дека претходно се договорила со сосетката да ги чува нејзините деца. Признала и дека во куќата имало греалки на гас. Кога се вратила дома, сè било во пламен.

Меѓутоа, од полицијата кажале дека невнимателната мајка не се договорила со никого да ги чува нејзините деца, и дека пристигнала дома дури кога и кажале дека избил пожар.

Истрагата брзо утврдила дека пожарот бил предизвикан од греалките во дневната соба, најверојатно затоа што истите биле блиску до запалив материјал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1