НОВА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА: Со „калашников” држи заложници во пошта во Париз


Вооружен маж денеска зема неколку заложници во пошта во Коломб, во близина на Париз, соопшти локалната полиција.

Засега случајот не се поврзува со минатонеделните исламистички напади во францускиот главен град.

Members of special French RAID forces secure the area next to the post office in Colombes outside Paris, were an armed gunman is holding hostages
Заложничката криза започна околу 12 часот. Маж со огнено оружје се затворил во поштенска филијала во Коломб, соопшти анонимен полициски извор, без да објави колку лица има внатре.

Според Француската телевизија, вооружениот маж држи како заложници најверојатно осум лица, додека според весникот „Фигаро“, најмалку едно вооружено лице држи во заложништво две до пет лица.

Француската телевизија БФМ претходно објави дека „идентификуван маж“ земал заложници во пошта во Коломб, во близина на Париз, и дека инцидентот нема терористички карактер. Според локалните медиуми киднаперот е вооружен со оружје со мал калибар и држи седум заложници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1