Најниска минимална плата во Европската унија има Бугарија од 184 евра, додека највисоката изнесува 1.923 евра, или речиси 11 пати повеќе, а ја добиваат работниците во Луксембург.
Во првата група, каде минималната плата е под 500 евра, покрај Бугарија, се наоѓаат и земјите од источна Европа и Хрватска.
Во другата група, со плата од 500 до 1.000 евра се Словенија и земјите од јужна Европа, додека Германија, Велика Британија, Франција, нордиските земји и земјите од Бенелукс се во групата со минималец поголем од 1.000 евра, покажуваат денеска објавените податоци на Еуростат.