Плата 2.000евра, чип во мозок, живот 150 години – ова во минатото го предвиделе за сега, арно ама…


Футуролозите предвидуваат дека во наредните триесет години ќе може да се создаде вештачка интелигенција, вештачко растење на органи, продолжување на нивната функција за неколку години, дури и за еден век…

E85FD87291EF7F479C85EBA5DAAF0C90“Југославија 2000” била главна тема на југословенските медиуми пред четириесет години и претставувала скок во иднината, пишува српскиот весник “Блиц”. Истражувале, анализирале, и на крајот предвиделе дека човекот во 2000 година ќе може да ги менува органите, бојата на кожата и да сонува во боја, а исто така и тоа дека пченката ќе биде главна стратешка суровина на Југославија. Исто така, тие предвиделе и оти универзитетите ќе ја преживеат кризата, бидејќи се одвоени од активното учество во економскиот и социјалниот развој.

Темата на иднината во 1969 година ја прекинал уредникот на “Борба”, Стане Станиќ, со како што пишува весникот, сторијата “Југославија двеилјадита година” која се емитувала на популарната ТВ-емисија “Видици”, чии делови ги пренесува и ТВ-“Новости”, пренесува блогот “Yugopapor”.
-За да можат луѓето полесно да ги преживеат наредните 150 години, колку што ќе трае човечкиот век, околу 2000 година, ќе применат хемиска и биолошка контрола на карактерот и интелектуалниот процес. Освен тоа, футуролозите предвидуваат дека во наредните триесет години ќе може да се создаде вештачка интелигенција, вештачко растење на органи, продолжување на нивната функција за неколку години, дури и за еден век… се раскажувало во емисијата на ТВ “Новости” во април 1969 година, пишува “Блиц”.

Исто така, се наведува дека во 2000 година, во масовна употреба ќе бидат нови сигурни средства за контрола на заморот, техника за релаксирање, за подобрување на виталноста, зголемување на фантазијата и другите психички способности.

Како што тогаш се зборувало во емисијата, луѓето во 2000 година ќе работат со помош на ефтини, практични и посигурни нови медицински техники. Тие нагласиле дека до крајот на овој век ќе може да го бираме и полот на своето дете, дури и да го смениме полот на возрасен човек ако тоа го сакаме.

Според пресметките на економистот Милош Синѓиќ, во 2000 година ќе заработуваме по 2.520 долари, т.е со таа заработка би биле во групата на високи индустријализирани земји. Кога тоа би се случило, како што тогаш истакнал Станиќ, би имале стандард како Шведска кој таа го имала во 1965 година, а денес спаѓа во најбогатите земји на светот. Инаку, Југославија во наредните триесет години, ќе има десет милиони станари повеќе отколку сега, заклучува Станиќ.
Според повеќето прогнози кои се покажале како точни, некои луѓе за жал не се оптимисти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1