Со последните измени на Изборниот законик што ги усвои Собранието на Република Македонија, почетокот на забраната за емитување платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се поместува од 27 февруари 2016 година, соопштуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-Имајќи предвид дека Законот за изменување на Изборниот законик влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ број 35 од 24 февруари 2016 година, емитувањето платено политичко рекламирање е дозволено до 24.00 часот на 26 февруари 2016 година, соопштуваат од Агенцијата.
Агенцијата очекува дека евентуалното емитување на платено политичко рекламирање ќе биде во согласност со стандардите за рекламирање утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и дека особено ќе се води сметка со него да не се промовира дискриминација, нетрпеливост или омраза врз каква било основа.