Судир на автобус и Мерцедес кај Битола, 11 повредени


Единаесет лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Битола-Демир Хисар меѓу автомобил „Мерцедес“ и автобус „Форд Транзит“ , двете со битолски регистарски ознаки.soobrakjajka 233

Во незгодата возачот на автобусот З.Д.(47) се здобил со тешки телсни повреди(фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено), кој е пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Битола.

Во несреќата полесно повредени се уште 10 лица-сопатници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош во битолската болница се пуштени на домашно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1