12 години од смртта на Борис Трајковски


Дваесетина планинари од Струмица и од Радовиш по 11 пат на меморијалниот марш во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски. Членовите на ПАОК „Ентузијаст“ заедно со нивните колеги ќе поминат 200 километри од Струмица до Бутел, каде по повод 12 годишнината од смртта на Трајковски ќе му оддадат почит пред неговиот вечен дом.Boris-Trajkovski-630x418

– Тргнуваме од Струмица, преку планината Еленица, планинарите ќе спијат во Дедино. Вториот ден планинарите ќе одат преку Бучим до Штип, третиот ден преку Свети Николе до планинарски дом, а четврток вечер ќе преноќат планинарите во Маџари. Петок наутро, традиционално ќе присуствуваме на чествувањето на поменот. Ова е наш начин како планинари да му оддадеме почит на нашиот сограѓанин Борис Трајковски, никогаш нема да го заборавиме, изјави Коло Ристов, претседател на ПАОК „Ентизујаст“, Струмица.

Одбележувањата на 12 годишнината од трагичната смрт на претседателот Трајковски, „Ентузијаст“ ја започна викендов со искачување до врвот Ботра на планината Беласица кој го носи неговото име.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1