Платини се закани дека ќе ги исфрли Хрватска и Србија од Мундијалот – Дали е ова шанса за Македонија?


Првиот чивек на УЕФА Мишел Платини упати последна опомена до хрватскиот фудбалски сојуз, по нередедите кои што ги создадоа навивачите на Динамо со фановите на ПСЖ во Лигата на Шампиони.

Французинот предупреди доколку истите се повторат и на мечевите меѓу Хрватска и Србија во квалификациите од СП, можно е и двете репрезентации да бидат исклучени од Мундијалот во Бразил 2014 година. Платини одамана на Србија и Хрватска им даде жолт картон, поради хулиганството и предизвикувањето на нереди на фудбалските натпревари.

Попрецизно им даде можност на владите на Србија и Хрватска, преку нивните фудбалски сојузи да го искоренат хулиганството од фудбалските стадиони и да воспостават ред.


Французинот ќе биде дел од мечевите на овие две репрезентации кои ќе се сретнат наредната година. Доколку забележи било какви нереди, бакли, навредувања, тепања и неодговорно однесување, Хрватска и Србија ќе бидат отстранети од СП 2014, се разбира доколку прво обезбедат пласман. Платини сака да се пресмета со нередите на фудбалскиот исток, а прв пик му е Балканот. Радикалните правила ја направи Лигата на Шампиони многу попристапна за земјите од тертиот свет.

Дали ова значи за Македонија шанса конечно да се квалификува на едно Светско првенство. Ако е тоа случај и доколку Србите и Хрватите не ги смират страстите и успеат да го испровоцираат Платини, тогаш Македонија мора да стисне заби и да и до крај да се бори за секој можен бод во квалификациите.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1