Заради нетранспарентноста на акционерските друштва по ова прашање, во Македонија речиси е невозможно да се дознаат висините на платите на главните извршни директори. Неофицијално, тие изнесуваат во просек околу 50.000 евра годишно, со се бонуси и се меѓу најниските директорски плати во Европа, пишува Капитал.мк.
Околу 50.000 евра на годишно ниво во бруто износ, или нешто над 4.000 евра месечно, е просечната плата на компаниските шефови во Македонија, вклучително и бонусот, кој што во просек учествува со 20% во оваа сума. Ова се неофицијални податоци базирани врз искуството што аналитичарите од Pedersen &Partners, светска консултантска компанија, го имаат истражувајќи го македонскиот пазар. Тие не можат да дадат официјален податок од нивното истражување, како за другите земји од Европа, бидејќи истражувањата на оваа тема во земјава одат малку потешко во споредба со другите пазари. Пред с$ заради високото ниво на доверливост во компаниитеоколу овие податоци, односно нивната затвореност по тоа прашање.
“Платите на главните извршни менаџери во Македонија се разликуваат од сектор до сектор и во зависност од големината на компанијата. Некои менаџери заработуваат помалку, некои пак многу повеќе од просекот“, вели Конрад Прамбок, менаџер на консалтинг за награди во Pedersen & Partners.
Платите на топ менаџерите во Македонија, како и на сите останати вработени, се меѓу најниските во Европа. Колку за споредба, годишна плата од 50.000 евра заработува поискусен личен асистент во Германија или инженер со три години работно искуство.