Плажите и лежалките да бидат бесплатни – бара Општина Охрид


По спроведената контрола на работењето на охридските плажи, а и по поплаките кои пристигнуваат од страна на гостите-корисници на плажите, општина Охрид со предупредување до концесионерите за нивно целосно придржување до Договорот за краткотраен закуп на плажи.

Во писмото упатено до нив меѓу другото се посочува дека:

ohplaza2

Локалната самоуправа ги потсетува закупците дека, согласно потпишаниот договор, меѓу другото имаат обврска и мора да се придржуваат кон режимот на користење на плажите (работно време)

– При планирање на просторот, 40% -60% од плажата да биде СЛОБОДЕН за користење без оптоварување со лежалки и други реквизити, стои во соопштението.

Секое непридржување кон поставените правила, негативно се одразува врз останатите субјекти кои работат во туризмот. Локалната самоуправа нема да толерира отстапување од Договорот и ќе инсистира на негово доследно спроведување.

Доколку и понатаму се отстапува од обврските кои ги прифатиле, Oпштина Охрид има законска обврска да го санкционира таквото однесување, а истовремено напоменува дека согласно член 7 ќе поведе постапка за еднострано раскинување на Договорот.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1