Плазма-телевизорите ќе бидат забранети


Производството на плазма-телевизорите ќе биде забрането со тоа што ќе се остави рок произведе ните количества до забраната да бидат продадени.

Ова е најновата мерка на Брисел, а целта е телевизорите со големи екрани во иднина да бидат енергетски поштедливи. Според најновите законски предлози на Европската комисија, производителите ќе бидат обврзани да прават телевизори кои ќе трошат помалку електрична енергија од сегашните. Се очекува новите стандарди за телевизорите да влезат во сила најрано во јуни 2016 година, а регулативата ќе важи и за мониторите за компјутери.

big-screen-plasma-tvs

Предлогот е дел од спроведувањето на стратегија, преку која Kомисијата има цел да ги намали сметките за струја на потрошувачите во земјите од Европската Унија за 8 милијарди евра на годишно ниво, јавуваат агенциите.

Неодамна стапи во сила слична директива за заштеда на енергија, со што се ограничи моќноста на правосмукалките. Оваа мерка предизвикаа бран критики во медиумите во целата Унија.

Според пишувањата, обидот да се ограничи потрошувачката на електрична енергија на телевизорите е експеримент, која ќе претходи на стапувањето во сила на оваа директива, со која ќе се ограничи потрошувачката на струја за разни мали апарати за домаќинство, како чајници, тостери и фенови.

Новиот заменик-претседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, сепак покажа скептичен однос при воведувањето на правилата за правосмукалките нарекувајќи ги „патерналистички“, при што неговиот тон ги вознемири екологистите, пишуваат европските медиуми.

– Мило ни е бидејќи се дискутира за ова прашање и очекуваме наскоро да биде донесена конечна одлука – изјави Стефан Ардити, продукт-менаџер во Европското биро за животна средина.

Ардити сепак изрази стравување дека за да се избегне политичка конфронтација, следниве месеци голем број апарати ќе бидат отстранети од работниот план на стратегијата за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Потрошувачката на телевизиските приемници изнесува околу 10 отсто од целокупното домашно трошење на електрична енергија, покажува статистиката. Процентот се зголемува во текот на последната деценија поради пазарните трендови да се произведуваат с` повеќе телевизори со големи екрани и со повеќе функции, како интернет-конекција.

Според анкетите, телевизорите во Европа трошат толку енергија колку што е вкупната потрошувачка на електрична енергија на Шведска и Португалија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1