Порталот Плусинфо објавува дека поголем број членови и приврзаници на Демократската унија за интеграции (ДУИ) во моментов се упатуваат кон плоштадот Скендербег на прослава.
Според Плусинфо, како што се движи толпата се фрлаат петарди, има доста пукање и фрлање со камења по автобуси. Околу 150 возила се упатени кон плоштадот близу старата скопска чаршија.