„Плусинфо“: Заев нема да се сретне со Мицкоски, ќе се оди на избори


Премиерот Зоран Заев најверојатно нема да се сретне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во врска со уставните измени за Договорот , со што речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори.

Оваа информација со назнака ексклузивно вчерa ја објави порталот Плусинфо, повикувајќи се на висок владин функционер.

Изворот навел дека Заев и СДСМ немаат намера да ги убедуваат Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните амандмани, особено по децидните ставови на опозицискиот лидер и пратениците дека нема да дадат поддршка за амандманите, како и по испорачаните услови од опозицијата за нов опозициски јавен обвинител, анкетна комисија за референдумските нерегуларности и Пржинска влада со целосен мандат.

Премиерот Заев вечерта по соопштувањето на резултатите од цензусот на референдумот најави дека доколку деновиве не успеат со ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за поддршка на уставните амандмани, ќе се оди на избори и тоа на 25 ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1