По 12 години во мртовечница погребан Ружди Велиу, останки од исчезнатите Македонци уште се чуваат


Ружди Велиу, еден од вујковците на лидерот на ДУИ Али Ахмети, денеска беше погребан на муслиманските гробишта во родното кичевско село Коларе, откако после 12 години со ДНА анализа е утврдено дека телото кое беше најдено во јама кај демирхисарското село Железнец е негово.

– Ова тело со години се чуваше во специјалните фрижидери на Институтот за судска медицина. Пред некој ден кај нас дојдоа роднини, беа подложени на ДНК тестирање, па откако се утврди дека тој е нивен роднина, го земаа телото за погреб – велат за Плусинфо од Судска медицина.

Foto - Plusinfo

Foto – Plusinfo

Телото на Ружди Велиу беше пронајдено во јануари 2006 година. Во дупка крај патот кај демирхисарското село Железнец, работници на „Македонија пат” открија две човечки коски, а анонимен телефонски повик ја извести полицијата дека покрај тоа место има и гробница.

За време на кризата Велиу беше финансиер и еден од клучните луѓе на ОНА. Помалиот брат на поранешниот пратеник на ДУИ Фазли Велиу, Ружди исчезна на 20 август 2001 година.

Летото од кризната 2001 година кога исчезна Ружди Велиу, исчезнаа и Андре Ристовски (1967), Васко Михајловски (1963), Цветко Михајловски (1949) Димитрие Димковски (1941), Крсто Гогоски (1934), Симеон Јакимовски (1941), Бобан Јефтимовски (1972), Васко Трајчевски (1953), Илко Трајчевски (1953), Ѓоко Синадиновски (1954), Бошко Димитриевски (1945) и Славко Димитриевски (1952).

Две локации ги поврзуваат сите исчезнати од кризата во 2001 година, Полошко-карадачкиот регион и локациите „Јама“ и депонијата „Непроштено“. Прва, во 2003 година беше откриена гробницата на депонијата на селскиот пат помеѓу тетовските села Требош и Непроштено. Од таму се извлечени останки на неколку мажи за кои е утврдено со ДНК анализа дека се дел од исчезнатите Македонци од Тетовско.

– Овие останки уште се во Институтот за судска медицина. Бидејќи нив не ги зеле до сега роднините, судот вели закопајте ги. Но, сепак ние ги чуваме – велат од Судска медицина.

Повеќе на – Плус Инфо 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1