По 14 години монаштво Сестра Макрина ја соблече мантијата?


По 14 години традиционален монашки живот, Макрина наводно одлучила да практикува таканаречено, “бело монаштво”

makrinaСестра Макрина, поранешна Игуменија на манастирот “свети Архангел Михаил”, во Берово ја соблекла монашката мантија и се вратила во цивиниот живот,  дознава денешен.мк.

Одлуката да се повлече од тратдиционалниот монашки живот, монахинјата ја донела пред неколку месеци. сепак Сестра Макрина не се повлекла целосно од црковниот живот во МПЦ, туку одучила да практикува таканаречено “бело монаштво”. Тој тип на монаштво го има во неколку православни цркви меѓу нив и Руската православна црква. Суштината е во тоа што лицата кои практикуваат таков тип на монаштво ги задржуваат сите завештанија дадени кон Црквата и Бога, но не го практикуваат типичниот монашки живот кој подразбира живеење во Манастир и носење монашка мантија.

Сестра Макрина веќе 14 години е дел од монашкиот живот на Македонската православна црква. Поради кои причини се одлучила на ваков чекор, засега нема официјална потврда.

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1